
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Игор Јокиќ, бизнис-лидер со повеќе од 15 години искуство во продажба, комерцијални операции и бизнис-трансформација во FMCG, дистрибутивната и тутунската индустрија, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Јокиќ на самитот ќе зборува на тема „Commercial Excellence: Од стратегија до реализација“, во рамките на која ќе се фокусира на тоа како успешните комерцијални организации ги претвораат стратешките планови во мерливи и одржливи резултати.
Добрата стратегија е само почеток. Во фокусот на предавањето ќе бидат клучните елементи што ја определуваат способноста на една компанија успешно да ја реализира својата стратегија – од ефикасна комерцијална организација и јасно дефинирани процеси и одговорности, до квалитетни податоци, соодветни KPI и континуиран развој на компетенциите на комерцијалните тимови.
Посебен акцент ќе биде ставен на клиентоцентричниот пристап и континуираната трансформација на комерцијалниот модел. Јокиќ ќе говори за тоа како компаниите можат навреме да ги препознаат промените во потребите на купувачите, продажните канали и пазарните услови и да ги претворат во конкретни комерцијални одлуки и активности – без да чекаат следна голема реорганизација.
Предавањето ќе отвори и едно од клучните прашања за комерцијалните организации: што ги разликува компаниите што имаат добра комерцијална стратегија од оние што имаат способност доследно да ја претвораат во резултати?
Учесниците на 12. FMCG Summit Скопје ќе имаат можност да добијат практичен увид во принципите на commercial excellence, организациските и процесните предуслови за успешна реализација на стратегијата, како и во начините на кои комерцијалните тимови можат да одговорат на променливите пазарни услови.
За говорникот:
Игор Јокиќ е основач и главен консултант на Velostra, при што советува компании во областите на комерцијална трансформација, продажна извонредност и дигитализација.
Претходно бил директор за продажба и дистрибутивни портфолија во Nelt, каде што раководел со организација од над 600 вработени и придонел кон најдобрите деловни резултати на компанијата во периодот од 2022 до 2024 година.
Во текот на својата кариера, Јокиќ извршувал раководни функции во Philip Morris International, Henkel и Lactalis, при што бил вклучен во проекти поврзани со развој на продажбата, унапредување на дистрибутивните мрежи и дигитална трансформација на бизнисот.
