
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„МВМ Група“ стана дел од European Field Marketing Partners (EFMP), една од водечките европски мрежи на професионалци од областа на field marketing, продажбата, merchandising и развојот на брендовите на продажното место.
„Ова партнерство претставува еден од позначајните чекори во досегашниот развој на „МВМ Група“ и отвора целосно нова димензија на деловни можности – како за компанијата и нашите клиенти, така и за нашите вработени и за развојот на домашната FMCG индустрија и целиот малопродажен сектор“, соопштија од „МВМ Група“.
EFMP ги обединува водечките field marketing компании низ Европа и денес претставува меѓународна мрежа која им овозможува на партнерите да разменуваат знаења, искуства, најдобри практики и иновативни решенија. Мрежата е присутна на пазари низ Европа, а нејзиниот Board претставува 21 земја и повеќе од 10.000 вработени.
Посебната вредност на EFMP се огледува токму во размената на знаења и искуства меѓу пазарите. Преку континуирана соработка, партнерите развиваат нови модели на работа и ги следат најважните трендови во областа на field marketing, merchandising, продажбата и shopper marketing.
Како што дополнуваат од „МВМ Група“, ова партнерство за нив значи пристап до европско know-how и можност искуствата од најразвиените FMCG пазари директно да ги применат во Србија, особено во технолошка смисла, преку користење напредни технологии во работењето, како и AI.
„Ова партнерство отвора значајни можности за развој на нашите вработени. Една од најголемите вредности што ги гледаме во членството во мрежата EFMP е можноста за поврзување на нашите колеги со колеги од други европски земји, размена на искуства, учество на меѓународни работилници и едукации, како и обуки и стручно усовршување на европските пазари, каде што ќе имаат можност да видат нови начини на работа, нови технологии и вредности, а стекнатите знаења да ги применат кај нас.
Сакаме нашите вработени да учат од најдобрите, европското знаење да го донесат во Србија и заедно да ги подигнуваме стандардите на FMCG индустријата на уште повисоко ниво. На овој начин на нашите клиенти ќе им понудиме подобри и поквалитетни услуги за зголемување на продажбата и намалување на трошоците“, порачаа од „МВМ Група“.