
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Еуроспин Словенија“ се приклучува на трендот на микродрами и на 29 септември на своите социјални мрежи премиерно ќе ја претстави својата оригинална словенечка микродрама „Тајната на моето момче“.
Кратката вертикална серија ќе биде достапна на каналите на „Еуроспин Словенија“ на платформите YouTube, TikTok и Instagram, а во главните улоги настапуваат Нина Марчета и Изток Подпечан.
Од „Еуроспин“ објаснуваат дека со новиот формат сакаат да им се обратат на купувачите на посовремен и поличен начин и наместо класично рекламирање да им понудат оригинална забавна содржина.
„Луѓето денес не сакаат брендовите постојано нешто да им продаваат. Тие сакаат оригинални содржини со кои ќе се забавуваат и ќе почувствуваат нешто“, изјави Наталија Пагон, директорка за маркетинг во „Еуроспин ЕКО“.
Микродрамите се состојат од кратки епизоди, по правило снимени во вертикален формат и приспособени за гледање на мобилни уреди. Со овој формат „Еуроспин“ сака да ѝ се обрати пред сè на публиката на социјалните мрежи.