
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Шпар Словенија“ и здружението „Европа Дона Словенија“ по повод почетокот на розовиот октомври поставија 1.500 кошници за пазарување пред одбрани продавници на „Шпар“ и „Интершпар“.
Како што истакнуваат од компанијата, секоја од 1.500-те кошници симболизира една жена на која во Словенија во текот на една година ѝ се дијагностицира рак на дојка.
Акцијата „Обрнете внимание на содржината на вашите кошници“ ги поттикнува жените да обрнат внимание на промените на дојките.
Како што истакна Лидија Ракуша, директорка за маркетинг во „Шпар Словенија“, целта била статистичките податоци да се претстават на опиплив и разбирлив начин.
Тања Шпаниќ, извршна директорка на здружението „Европа Дона Словенија“, нагласи дека зад бројките стојат вистински жени, нивните семејства и животни приказни.
Во текот на розовиот октомври, купувачите можат да го поддржат здружението со купување одбрани производи од брендовите Pantene, Gillette, Always, Barcaffe и Svilanit.
Добавувачите ќе издвојат 5% од продажбата на овие производи, додека купувачите ќе добијат розова фискална сметка со QR-код што води до упатства за самопреглед на дојките.