
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Шпанската групација „Ероски“ оствари бруто-продажба од 3,06 милијарди евра во првата половина од финансиската 2026 година, што претставува зголемување од 3,8% во споредба со истиот период минатата година, пренесува ESM Magazine.
Нето-добивката во периодот од 1 февруари до 31 јули пораснала на 65,4 милиони евра, од 55,5 милиони евра една година претходно. Растот бил поттикнат од зголемената побарувачка на потрошувачите за поповолно пазарување, во услови на сè уште изразена ценовна чувствителност на домаќинствата и умерена инфлација на цените на храната.
Производите од приватната трговска марка на задругата продолжиле да бидат еден од темелите на нејзината стратегија и учествувале со 36,6% во вкупната продажба на храна. Истовремено, продажбата остварена преку членовите на програмата за лојалност пораснала на 69,7% од вкупната продажба.
Позитивен продажен тренд бил забележан во сите формати на продавници, вклучувајќи ги супермаркетите во директна сопственост, франшизите, хипермаркетите и Cash & Carry работењето.
Подобрена е и оперативната ефикасност, при што продажбата по квадратен метар пораснала за 3,9%.
Групацијата продолжила со стабилно спроведување на својот поширок стратешки план, со фокус на модернизација на продажната мрежа и унапредување на дигиталните канали.
„Ероски“ го намалил соодносот меѓу нето-финансискиот долг и EBITDA на 2,0 пати, со што обезбедил стабилна и силна билансна состојба, поддржана од висока ликвидност и диверзифицирани извори на финансирање.
Проширувањето на мрежата продавници и понатаму е насочено кон франшизниот модел, додека истовремено продолжуваат инвестициите во постојната мрежа. Во вториот квартал биле реновирани 56 продавници.
На крајот од извештајниот период, „Ероски“ имал 1.400 продавници, од кои 770 биле во директна сопственост, а 630 работеле како франшизи.
„Овие резултати ја одразуваат силата на нашиот задружен модел и довербата што потрошувачите секојдневно ѝ ја укажуваат на групацијата „Ероски“. Продолживме да растеме во опкружување кое и понатаму е предизвикувачко, зајакнувајќи ја понудата заснована на избор, заштеда, квалитет, близина и локални производи“, изјави Роса Карабел, генерална директорка на групацијата „Ероски“.