
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Проф. д-р Лазар Ѓуров, основач и водечки консултант и обучувач во Институт „Симбиотика“, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Ѓуров ќе зборува на тема „Нема луѓе или не е тоа проблемот?“, отворајќи го прашањето дали кризата со таленти навистина е само прашање на недостиг на луѓе или проблемот лежи подлабоко – во средината што организациите ја создаваат за луѓето што веќе работат во нив.
Фокусот ќе биде на вредностите, организациската култура и growth mindset-от, односно на тоа како компаниите можат да создадат средина во која луѓето сакаат да растат, преземаат одговорност и истрајуваат кога станува тешко. Ќе стане збор и за различните очекувања и вредносни системи на генерациите, како и за прашањето дали наместо постојано да бараат „подобри луѓе“, организациите можат да создаваат услови во кои луѓето стануваат подобри.
За говорникот:
Проф. д-р Лазар Ѓуров повеќе од две децении работи во областа на лидерството и организацискиот развој. Неговиот професионален пат започнува во Армијата, а понатаму продолжува преку академска работа, истражување и реализација на развојни и трансформациски проекти со компании во земјата и странство.
Како еден од основачите и водечки консултанти и обучувачи во Институт „Симбиотика“, Ѓуров работи со лидери, менаџерски тимови и организации на развој на лидерски вештини, организациска дијагностика, тимбилдинг, развој на организациска култура и комплексни проекти за организациски развој.
Неговиот пристап се темели на практична работа со луѓето и на прашањето: Што навистина треба да се промени? Целта не е само пренесување знаење, туку негово претворање во конкретна промена во начинот на кој луѓето работат и водат.
