
Само 23% од германските потрошувачи сметаат дека дигитализацијата на плаќањето на пазарите, саемите и градските прослави напредувала добро или многу добро.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германските потрошувачи ги нервира тоа што често не можат да плаќаат со картичка на пазарите, саемите, карневалите или градските прослави. Дека дигитализацијата на таквите места напредувала добро или многу добро изјавиле само 23% од испитаниците во истражувањето што агенцијата „Форса“ го спроведе за компанијата „Виза“, на примерок од околу 1.800 испитаници.
„Кој сака да плаќа дигитално, ја сака таа можност и на пазарната тезга и на градската прослава“, изјави Албрехт Кил, директор на „Виза“ за Централна Европа.
Истражувањето покажа дека со можностите за безготовинско плаќање во малите продавници се задоволни само околу половина од испитаниците, односно 49%.
Наспроти тоа, две третини од испитаниците, односно 66%, ги оцениле дигиталните можности за плаќање во локалниот превоз како добри или многу добри.
Дел од испитаниците, врз основа на искуството од други земји, наведуваат дека таму има повеќе можности за безготовинско плаќање отколку во Германија. Дека во странство полесно плаќаат дигитално изјавиле 37%. Само 3% оцениле дека можностите за плаќање во другите земји се полоши.
Големото мнозинство луѓе во Германија, 96%, се задоволни што постои избор на начини на плаќање. Најмалку еднаш безконтактно платиле 93% од испитаниците, додека 39% плаќале со паметен телефон или друг уред, како што е паметен часовник.
„Високиот степен на задоволство од дигиталните можности за плаќање е позитивен знак“, истакна Кил.
Продавниците и рестораните наскоро ќе имаат обврска да прифаќаат плаќање со картичка или мобилен телефон, според законот што во септември го најави министерот за финансии Ларс Клингбајл.
Сепак, локалите и понатаму мора да прифаќаат готовина, истакнуваат стручните здруженија, кои се жалат на дополнителните трошоци поради дигиталното плаќање.
Министерството за финансии претходно соопшти дека го очекува воведувањето на новиот закон следната година.
Фото: Pexels