
„Крафт Хајнц“ ја претстави стратегијата за одржлив и профитабилен раст, како и финансиските цели до 2029 година и првичните очекувања за 2027 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Крафт Хајнц“, во рамките на Денот на инвеститорите 2026, ја претстави стратегијата за остварување одржлив и профитабилен раст заснован на зголемување на обемот на продажба, како и финансиските цели до 2029 година и првичните очекувања за 2027 година.
Стратегијата на компанијата се заснова на користење на постојните конкурентски предности, од модернизација на основното работење на развиените пазари до искористување на можностите на пазарите во развој и во каналот HoReCa.
„Крафт Хајнц“ планира стратегијата да ја спроведе, како што истакнуваат, преку развој на поквалитетни производи и посилни брендови, пласирање релевантни и профитабилни иновации, зајакнување на продажните и дистрибутивните капацитети, управување со портфолиото со фокус на раст и зголемување на ефикасноста за да се создаде простор за нови вложувања.
Компанијата ги претстави фазите на развој на патот кон одржлив и профитабилен раст. Во 2027 година очекува враќање на растот на приходите и добивката во втората половина од годината, во 2028 година очекува стабилен раст на приходите и проширување на профитните маржи, додека до 2029 година очекува да работи преку самоодржлив циклус на профитабилен раст и да остварува двоцифрени вкупни приноси за акционерите, со рамнотежа меѓу растот на заработката и враќањето на капиталот на акционерите.
Кога станува збор за насоките за 2027 година, органската нето-продажба би требало да остане главно непроменета на годишно ниво, со враќање на растот во втората половина од годината. Прилагодената оперативна добивка би требало да забележи пад по ниски едноцифрени стапки во однос на 2026 година, со враќање на растот во втората половина од годината. (Во финансиската терминологија „low single digits“ најчесто значи пад од приближно 1% до 3%.) Конверзијата на слободниот паричен тек се очекува на ниво од најмалку 100%.
Преку оваа стратегија „Крафт Хајнц“ настојува да го забрза растот на продажбата, да ја унапреди профитабилноста и да создаде основа за одржлив раст на вредноста за акционерите во наредните години.
„Можноста што е пред нас е значајна, а ги поседуваме брендовите, обемот на работење и капацитетите потребни за да ја искористиме. Со вистинскиот тим, организациски модел заснован на деловни единици и поголеми, континуирани вложувања во нашите брендови, го позиционираме Крафт Хајнц за долгорочно создавање вредност за акционерите“, порача Стив Кахилејн, извршен директор на компанијата.
Фото: „Крафт Хајнц“