
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Системот на Coca-Cola годишно придонесува со 477,4 милиони евра во хрватската економија, што одговара на 0,5% од бруто-домашниот производ (БДП) на Хрватска, покажува новата Студија за социоекономското влијание на Coca-Cola во Хрватска. Системот директно вработува 548 лица, а долж целиот синџир на вредност поддржува вкупно 8.600 работни места.
Од вкупното количество безалкохолни пијалаци што „Кока-Кола ХБЦ“ минатата година ги пласирала на хрватскиот пазар, повеќе од три четвртини биле произведени во Хрватска. Според резултатите од студијата, повеќе од 75% од секое евро потрошено на производите на Coca-Cola останува во хрватската економија.
Годишните инвестиции на „Кока-Кола“ во производството во Загреб и во имотот низ Хрватска изнесувале 13,9 милиони евра, додека системот на Coca-Cola годишно придонесувал со 231,8 милиони евра даночни приходи.
„Речиси 60 години Coca-Cola произведува пијалаци во Загреб и е составен дел од хрватската економија. Нашата мрежа на партнери е извонредна, а еден од клучните двигатели на нашиот успех е соработката со повеќе од 2.200 домашни добавувачи и 33.000 купувачи. Оваа студија ја покажува вредноста што заедно ја создаваме, нашиот придонес кон силата на хрватската економија и конкурентноста на домашните претпријатија“, изјави Димитрис Ромпис, генерален директор на деловната единица „Кока-Кола ХБЦ Адриа“.
„Доследни на нашата мисија, со години им носиме освежување на потрошувачите во Хрватска, истовремено придонесувајќи за заедниците во кои работиме. Секое шише Coca-Cola ја одразува посветеноста на нашите хрватски вработени, добавувачи и партнери. Економската вредност што ја создаваме се протега далеку надвор од нашите производствени капацитети, поттикнувајќи отворање работни места и развој на заедниците низ Хрватска. Горди сме на позитивното економско и општествено влијание што го остваруваме денес и се радуваме на создавањето трајна вредност и во годините што следуваат“, истакна Богдан Кирита, генерален директор на „Кока-Кола Адриа“.
Системот на Coca-Cola директно вработува 548 лица, а според студијата, неговото работење поддржува вкупно 8.600 работни места долж синџирот на вредност. Тоа значи дека секое директно работно место во „Кока-Кола“ поддржува уште 15 работни места во хрватската економија.
Од вкупниот економски придонес, 92,5 милиони евра се однесуваат на директно создадената додадена вредност, додека дополнителни 384,9 милиони евра се остваруваат преку активностите долж синџирот на вредност. Според овие податоци, секое евро директно создадена додадена вредност поддржува дополнителни 4,16 евра вредност во остатокот од хрватската економија.
„Кога зборуваме за успешноста на хрватската економија, често зборуваме за стапките на раст, инвестициите, извозот или вработеноста. Меѓутоа, зад секој од тие показатели стојат конкретни компании, нивните вработени, добавувачи, купувачи и партнери. Токму затоа ваквите студии се важни. Тие ни овозможуваат економскиот придонес на одредена компанија да го согледаме пошироко. Coca-Cola е добар пример за таквата поврзаност со домашната економија, а фактот дека речиси 60 години е дел од хрватскиот економски простор зборува за важноста на долгорочното работење и континуираното инвестирање“, изјави Олег Бутковиќ, потпретседател на Владата на Република Хрватска и министер за море, сообраќај и инфраструктура.
Во текот на 2025 година, „Кока-Кола“ издвоила 323.000 евра за проекти во заедницата насочени кон заштита на животната средина, зајакнување на младите преку образовни програми и промовирање активен начин на живот, меѓу кои се и Спортските игри на младите. Вкупните инвестиции на системот на Coca-Cola во проекти од општествена одговорност во последните пет години надминале 1,4 милиони евра.
По претставувањето на резултатите од студијата, се одржала панел-дискусија на тема „Вредност што останува: Партнерства за поконкурентна Хрватска“, модерирана од Андреа Човиќ Видовиќ, заменичка-раководителка на Претставништвото на Европската комисија во Хрватска.
На панелот учествувале Димитрис Ромпис од „Кока-Кола ХБЦ Адриа“, Здравка Деметер Бубало од „ИНА Група“, Карло Томашиќ од „Алпла“, Ксенија Белјан од Заедницата на угостителско-туристички училишта на Хрватска и Хрвоје Стојиќ од Хрватското здружение на работодавачи.
Дискусијата била насочена кон улогата на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, локалните синџири на снабдување, развојот на работната сила и размената на знаења во создавањето долгорочна економска вредност.
Coca-Cola во Хрватска работи преку две компании, „Кока-Кола Адриа“ и „Кока-Кола ХБЦ Хрватска“, со седиште во Загреб, кои заедно го сочинуваат системот на Coca-Cola.