
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите „Нелт“ и „Филип Морис“ потпишаа нов петгодишен договор, со кој се продолжува нивното долгогодишно успешно партнерство во областа на дистрибуцијата на пазарот во Србија.
Овој договор претставува силен континуитет во соработката меѓу двете водечки компании, кои со години поставуваат високи стандарди во логистиката и дистрибуцијата на тутунски производи и алтернативни производи од поновата генерација.
Новото партнерство е фокусирано на дополнително унапредување на ефикасноста на дистрибутивната мрежа, дигитализација на деловните процеси и воведување на иновативни решенија во синџирот на снабдување. Како лидер во логистичкиот сектор во регионот, „Нелт“ преку оваа соработка ја потврдува својата позиција на клучен стратешки партнер за глобалните брендови на пазарот во Србија.
Од менаџментот на двете компании истакнуваат дека продолжувањето на соработката е резултат на заедничките вредности, меѓусебната доверба и посветеноста кон крајните корисници, со цел да се обезбеди стабилност на пазарот и врвен квалитет на услугата и во наредните пет години.