
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот производител на силни алкохолни пијалаци и вино, „Бадел 1862“, се наоѓа во клучна фаза од преговорите за преземање на компаниите од секторот за пијалаци на регионалниот гигант „Фортенова група“. Со овој стратешки потег, „Бадел 1862“ има ексклузивно право да ги договори условите за купување на уделите во „Јамница плус“, „МГ Мивела“, „Сараевски кисељак“ и „Јамница Љубљана“.
Одлуката на „Фортенова група“ да влезе во завршни преговори токму со „Бадел 1862“ следува по обемниот конкурентен процес во кој учествуваа повеќе меѓународни и регионални заинтересирани страни. Како резултат на понудените услови, „Бадел 1862“ доби статус на ексклузивен преговарач, со цел успешно финализирање на потенцијалната трансакција.
Доколку преговорите завршат со потпишување на конечен договор, оваа трансакција значително ќе ја преформатира сцената на пазарот за вода и безалкохолни пијалаци во Југоисточна Европа. Со стекнувањето на брендови како „Јамница“ (Хрватска), „Сараевски кисељак“ (Босна и Херцеговина) и „МГ Мивела“ (Србија), „Бадел 1862“ не само што ќе го прошири своето портфолио, туку и драстично ќе ја зајакне својата пазарна позиција и дистрибутивна мрежа во целиот регион.