
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Индустриското производство во еврозоната во август 2026 година е намалено за 0,5 проценти во однос на јули, додека во целата Европска Унија е забележан пад од 0,3 проценти, покажуваат првичните проценки на Евростат.
Пад на индустриското производство е забалежан и во јули – во еврозаната за 0,3 проценти, а во ЕУ за 0,4 отсто.
На годишно ниво, индустриското производство во август годинава е намалено за 1,1 процент во еврозоната и за 0,2 проценти во ЕУ.
Најголеми годишни намалувања на индустриското производство се забележани во Ирска од 15 проценти, Белгија од 7,1 процент и Бугарија од 5,4 проценти. Најголем раст е регистриран во Холандија од 9,8 проценти, Унгарија од 8,8 проценти и Данска од 8,3 проценти.