
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„МЕТРО Хрватска“ ја претстави новата услуга Marketplace, преку која на професионалните купувачи на едно место ќе им бидат достапни повеќе од 30.000 производи, првенствено од непрехранбениот сегмент.
Marketplace беше претставен на настан во Загреб како нов дел од повеќеканалниот деловен модел на „МЕТРО“, кој веќе вклучува големопродажни центри, достава и дигитални решенија. Посебен акцент на новата платформа е ставен на производите наменети за потребите на угостителите, хотелиерите и другите професионални корисници.
„На Marketplace гледаме како на многу повеќе од уште еден продажен канал. Го гледаме како нова деловна инфраструктура што ни отвора простор за понатамошен раст, проширување на понудата и развој на нови услуги. Верувам дека Marketplace ќе им донесе нова вредност на нашите корисници, но и ќе отвори нови деловни можности за „МЕТРО Хрватска““, изјави Томислав Смолчец, претседател на Управата на „МЕТРО Хрватска“.
Хрватска е седмата земја во која „МЕТРО“ го воведува Marketplace. Новата платформа не ги заменува постојните продажни канали, туку ги надополнува и се надоврзува на дигиталните услуги што компанијата веќе ги обезбедува преку својата интернет-страница и апликација.
Развојот на понудата се темели на потребите на купувачите. Според податоците на компанијата, кога станува збор за непрехранбените производи, повеќе од 80% од купувачите на „МЕТРО“ сметаат дека квалитетниот асортиман е важен, додека повеќе од три четвртини ја наведуваат добрата вредност за парите како важен критериум.
Асортиманот на Marketplace ќе опфаќа производи од опрема и инвентар до артикли потребни за секојдневното работење на професионалните корисници.
На претставувањето во Загреб беше демонстриран и процесот на купување преку платформата, вклучувајќи пребарување производи, пребарување со помош на слика, преглед на категории, додавање производи во кошничката и плаќање.
Плаќањето е можно со кредитни картички и преку PayPal, додека за деловните корисници е достапен и банкарски трансфер.
Рокот за достава на пакетските пратки изнесува од три до пет работни дена, додека за големите производи зависи од видот на производот и начинот на испорака. Корисниците можат да ги следат своите нарачки, а достапни им се и информации за доставата, враќањето производи и корисничката поддршка.
Учесниците на претставувањето имаа можност и виртуелно да го разгледаат централниот магацин на Marketplace преку директен пренос.
„МЕТРО“ започна со работа во Хрватска кон крајот на 2001 година, со отворањето на првиот големопродажен центар во загрепски Јанкомир. Денес компанијата има десет големопродажни центри низ земјата, а според сопствените податоци, има приближно 26% удел на HoReCa пазарот.
Покрај купувачите од овој сектор, работењето на компанијата е насочено и кон малите трговци, како и кон малите и средните претпријатија.