
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повод Светскиот ден на животните, кој се одбележува на 4 октомври, компаниите „Марс“ и „Пет Центар“ започнаа хуманитарна акција „Секоја донација вреди двојно“, која ќе трае до 15 ноември во сите продавници на „Пет Центар“ низ Србија.
Акцијата за собирање храна официјално започна со настан за кучиња и нивните сопственици, на кој влезница беше донирана храна. Со заеднички напори, уште на самиот почеток беа собрани повеќе од 500 килограми храна.
Со купување и донирање храна за напуштените кучиња и мачки, потрошувачите можат директно да придонесат за подобра грижа за животните во прифатилиштата, а компаниите „Марс“ и „Пет Центар“ ќе ја удвојат секоја собрана донација.
Дел од собраните донации овојпат ќе бидат наменети за Здружението за заштита на животните и природата Voice of Animals од Баваниште, како поддршка на нивната акција за собирање храна за животните загрозени од неодамнешните пожари во Делиблатската Пешчара.
Дека ваквиот модел на заедничко донирање носи одлични резултати, покажа и претходната акција организирана за време на новогодишниот период, кога граѓаните собраа три тони храна, а „Марс“ и „Пет Центар“, со поддршка на дистрибутивниот партнер „Нелт“, ја удвоија собраната количина, обезбедувајќи вкупно шест тони храна за прифатилиштата низ Србија.
Новата акција ја продолжува оваа иницијатива со истата цел – преку здружување на малите, индивидуални гестови да се обезбеди што е можно повеќе храна за напуштените животни.
Граѓаните што сакаат да помогнат можат да го направат тоа при следната посета на која било продавница на „Пет Центар“, во текот на траењето на акцијата.