
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Г3 Спиритс Хрватска“ го именува Дамир Квочиќ за директор на операции, со што компанијата продолжува да ја зајакнува својата управувачка и комерцијална структура.
Квочиќ има повеќе од 20 години искуство во комерцијалното управување, стекнато преку низа раководни позиции во компаниите „Атлантик Трејд“ и „Шторк“.
Со неговото доаѓање дополнително се заокружува новата организациска структура на „Г3 Спиритс Хрватска“. На компанијата неодамна ѝ се приклучија и Филип Гајер, Sales Manager, кој во „Г3 Спиритс“ дојде од „Дукат“ и го презеде раководењето со продажната организација, како и Јелена Јерковиќ, Off Trade Channel Manager, која дојде од „Станиќ Бевериџис“.
Менаџерскиот тим го сочинуваат и Симона Баго, Finance & Administration Manager, Дино Мартиновиќ, Regional Marketing and Business Development Manager, и Никола Јозиќ, Logistics & Supply Manager.
Новата структура е дел од пошироката трансформација на „Г3 Спиритс“ и стратегијата G3 United, насочена кон зајакнување на комерцијалната извонредност, поквалитетно управување со пазарните канали и понатамошен развој на работењето во Хрватска и регионот.