InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот магацин за свежи производи на „Шпар“ во Љубљана, во близина на управното седиште на компанијата, се простира на 20.000 квадратни метри, додека вредноста на целокупната инвестиција се проценува на 40 милиони евра. Станува збор за една од поголемите инфраструктурни инвестиции во словенечката трговска индустрија во последните години, а новиот магацин ќе биде отворен на 1 јануари 2027 година.
Дистрибутивниот центар на „Шпар Словенија“ на улицата Леталишка моментално се простира на 43.000 квадратни метри. Од нив, 29.000 квадратни метри се наменети за складирање производи за кои не е потребно ладење, додека постојниот магацин за свежи производи зафаќа 14.000 квадратни метри.
Со новиот објект компанијата значително ќе ги зголеми капацитетите за складирање свежи производи. Објектот се простира на 20.000 квадратни метри, од кои 12.000 квадратни метри ќе бидат наменети за магацински површини. Преостанатиот дел ќе опфаќа подземна гаража за вработените, како и современо опремени технички и работни простории.
Проширувањето ќе му овозможи на „Шпар“ побрзо и поквалитетно снабдување на продавниците со свежи производи. Важен дел од инвестицијата е и унапредувањето на логистичките процеси. Бројот на рампи за утовар и истовар ќе биде зголемен од 75 на 95, со што ќе се зголеми протокот на стока.
Новиот магацин за свежи производи ќе биде отворен на 1 јануари 2027 година, изјави неодамна за медиумите Давид Ковачиќ, генерален директор на „Шпар Словенија“, за време на донација за пожарникарите, кога беше обновена и опремата на влезот во управната зграда.
Истовремено, ќе биде променет и режимот на движење на камионите, што треба да ги намали сообраќајните метежи во околината на дистрибутивниот центар и да овозможи поефикасно извршување на испораките.
Во изградбата учествуваат повеќе изведувачи, а главниот изведувач и проектантот се словенечки компании. Од „Шпар Словенија“ истакнуваат дека на овој начин дел од инвестицијата се насочува и кон поддршка на домашната економија.
Вредноста на целиот проект се проценува на 40 милиони евра, а инвестицијата претставува важен дел од понатамошниот развој на логистичката инфраструктура на „Шпар Словенија“.