
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Елида“ вчера (25 март) отвори уште два нови маркети во Штип, со што продолжува реализацијата на планот за проширување на мрежата во источниот регион на земјата.
Новите објекти, Елида бр. 38 и Елида бр. 39, се лоцирани во населбите 8 Ноември и Баби. Маркетите ќе работат според стандардниот концепт на „Елида“: 6-7 вработени, 2 наплатни каси, продажна површина од околу 200 квадратни метри, асортиман од околу 5.000 артикли, пиљара и пекарница со свежо печен асортиман. Двата маркета работат од понеделник до сабота, од 6:00 до 22:00 часот.
Отворањето на новите маркети претставува дел од пошироката стратегија на „Елида“ за зајакнување на присуството во Источна Македонија и зголемување на достапноста до крајните потрошувачи.