
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Крафт Хајнц“ објави дека постигнала конечен договор со инвестициската компанија „Ван Рок Капитал Партнерс“ за продажба на својот бизнис со кафе во Северна Америка за 650 милиони долари. „Крафт Хајнц“ ќе задржи малцински сопственички удел од 30% во бизнисот.
Предложената трансакција ги опфаќа брендовите Maxwell House, Gevalia, Nabob, Yuban, Tassimo, Ethical Bean и Sanka, а се очекува да биде завршена кон средината на 2027 година, по добивањето на регулаторните одобренија и исполнувањето на вообичаените услови за затворање на трансакцијата.
Раководството и Одборот на директори на „Крафт Хајнц“ оцениле дека трансакцијата има силна стратешка оправданост, бидејќи е во согласност со стратегијата на компанијата да ги насочи инвестициите и ресурсите кон деловните сегменти во кои може да го забрза растот и да создаде поголема вредност за потрошувачите, купувачите и акционерите.
„Оваа трансакција претставува важен чекор кон ослободување на вредноста на нашето портфолио и дополнително ќе ја забрза трансформацијата на компанијата. Горди сме на улогата што овие брендови ја имаа во животите на генерации љубители на кафе, а задржувањето на сопственичкиот удел ја одразува нашата доверба во нивниот долгорочен потенцијал под фокусираното управување на „Ван Рок““, изјави Стив Кахилејн, извршен директор на „Крафт Хајнц“.
Нето-паричните приходи од трансакцијата, по оданочувањето, се проценуваат на околу 500 милиони долари, а компанијата планира да ги искористи за намалување на долгот.
Се очекува трансакцијата позитивно да влијае врз растот и профитните маржи на „Крафт Хајнц“.
Продажбата ги вклучува средствата, брендовите, поддршката за купувачите и функционалните ресурси потребни за самостојно работење на сегментот за кафе во Северна Америка.
Исто така, се очекува околу 250 вработени од секторите за синџир на снабдување, продажба, маркетинг, финансии, човечки ресурси и истражување и развој да преминат во новиот бизнис.
Во трансакцијата се вклучени и производствените погони за кафе во Џексонвил, Флорида, и Ванкувер, Британска Колумбија.
„Долго време им се восхитуваме на култните брендови за кафе на „Крафт Хајнц“, како Maxwell House и Gevalia, кои се присутни во домаќинствата повеќе од 100 години. Нашата намера е да ги забрзаме инвестициите во портфолиото брендови за да поттикнеме раст и иновации, да го подобриме искуството на потрошувачите и дополнително да ги зајакнеме односите со малопродажните партнери“, изјави Тони В. Ли, управувачки партнер во „Ван Рок“.