
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот трговски синџир „Едека“ започнува партнерство со познатиот готвач Јохан Лафер, во чии рамки ќе лансира нова ексклузивна линија производи под името Edeka Herzstücke Lafer Selection.
Новата линија опфаќа пет ароматични месни и зеленчукови супи, четири видови фини бисквитни пралини со белгиско чоколадо и две ексклузивни мешавини кафе.
Посебна карактеристика на новата линија е тоа што секој производ лично го дегустира Јохан Лафер и дури по неговото одобрување ја добива ознаката Lafer Selection.
„За мене потеклото на состојките, нивната занаетчиска обработка, како и вкусот и квалитетот се на прво место. Внимавам секој рецепт да биде нешто посебно и да им донесе вистинска дополнителна вредност на потрошувачите. Дури кога ќе бидат исполнети сите овие критериуми, производот го добива моето лично одобрување“, објасни Јохан Лафер.
Како што истакнуваат од трговскиот синџир, со новата линија „Едека“ дополнително ја зајакнува својата експертиза во прехранбениот сегмент во рамките на премиум приватната трговска марка Edeka Herzstücke.
„Со Јохан Лафер добиваме еден од најпрепознатливите амбасадори на гастрономијата во Германија за нашиот бренд Edeka Herzstücke. Заедно развиваме ексклузивни производи што ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и им овозможуваат на потрошувачите посебни гурмански моменти во секојдневниот живот“, изјави Маркус Моза, претседател на Управата на „Едека“.
Компанијата веќе најави лансирање дополнителни производи во рамките на линијата во текот на следната година, вклучувајќи и новитети во пресрет на велигденската сезона.