
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Дијагео“ пријави раст на нето-продажбата од 1,2% во првиот квартал од својата финансиска 2027 година, достигнувајќи 4,9 милијарди долари.
Органскиот раст на нето-продажбата изнесувал 0,6%, без влијанието на компанијата EABL, при што обемот на продажбата се намалил за 0,1%, додека ефектот од цените и структурата на продадените производи придонел со раст од 0,7%.
Гледано по региони, Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA) забележале раст на продажбата од 2,4%, Азиско-пацифичкиот регион (APAC) од 4,1%, Латинска Америка и Карибите од 4,8%, а Индија од 3,4%.
Од друга страна, Северна Америка забележала пад на продажбата од 3,6%.
Во корпоративниот сегмент, компанијата EABL остварила раст од 11,6%, придонесувајќи со 0,8 процентни поени во органскиот раст на нето-продажбата на групацијата.
Гледано по категории производи, раст е забележан кај вискито, брендот Guinness и готовите пијалаци Smirnoff RTD.
„Генерално, првиот квартал беше во согласност со нашите очекувања и ги потврдивме прогнозите за целата година. Иако пазарот и понатаму е предизвикувачки, а нестабилноста останува изразена поради геополитичката неизвесност и влијанието на тековниот конфликт на Блискиот Исток врз енергенсите, снабдувањето и дистрибуцијата, резултатите од првиот квартал претставуваат мал чекор во вистинската насока“, изјави Дејв Луис, главен извршен директор на „Дијагео“.
Тој додаде дека растот остварен во текот на кварталот, паралелно со спроведувањето значајни промени, ја потврдува фокусираноста и посветеноста на вработените во компанијата, на кои им се заблагодари за поддршката.
Компанијата и понатаму очекува органскиот раст на нето-продажбата да остане главно стабилен во текот на целата финансиска година, додека слободниот паричен тек се прогнозира на приближно две милијарди долари.