
Трговскиот синџир „Елида“ вчера (11 март) отвори два нови маркети во Штип, со што почна реализацијата на најавеното проширување во источниот регион на земјата...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Елида“ вчера (11 март) отвори два нови маркети во Штип, со што почна реализацијата на најавеното проширување во источниот регион на земјата.
Новите објекти се во населбата Леваци (бр. 36) и во населбата Пребег (бр. 37). Маркетите ќе работат според стандардниот концепт на „Елида“: 6-7 вработени, 2 наплатни каси, продажна површина од околу 200 квадратни метри, асортиман од околу 5.000 артикли, пиљара и пекарница со свежо печен асортиман. Двата маркета работат од понеделник до сабота, од 6:00 до 22:00 часот.
Отворањето е дел од планот на компанијата за отворање пет нови маркети во Штип и во Свети Николе, најдоцна до крајот на март. Уште два се предвидени во штипските населби 8 Ноември и Баби, додека еден маркет ќе биде лоциран на градскиот плоштад во Свети Николе.
Трговскиот синџир, кој почна во Куманово, денес работи преку 30 маркети во Куманово и пет во Скопје. Со новите локации, вклучувајќи ги и двата новоотворени, мрежата на „Елида“ ќе достигне вкупно 40 објекти.
Проширувањето во источниот регион се оценува како логичен чекор во понатамошниот развој на компанијата.