
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со години доминантниот наратив беше едноставен: повеќе луѓе значи подобра услуга, а подобра услуга значи поголема продажба. Денес, реалноста е поинаква. Луѓе има сè помалку, трудот станува сè поскап, а потребата од квалитетна услуга никогаш не била поголема. Токму тука се појавува парадоксот што ќе ја одреди иднината на секторот.
Парадоксите стануваат вечна дилема на бизнисот, но и јавноста. По објавата на Парадоксот на полните кафеани и празните паричници, овој пат отвораме и друг парадокс, поврзан со малопродажбата, која во Македонија влегува во фаза во која класичните правила престануваат да важат.
Со години доминантниот наратив беше едноставен: повеќе луѓе значи подобра услуга, а подобра услуга значи поголема продажба. Денес, реалноста е поинаква. Луѓе има сè помалку, трудот станува сè поскап, а потребата од квалитетна услуга никогаш не била поголема. Токму тука се појавува парадоксот што ќе ја одреди иднината на секторот.
Недостигот на работна сила не е само прашање на број. Тој е комбинација од демографски трендови, миграција и системска неатрактивност на малопродажбата како кариерен избор. Но, уште поважно, станува збор за квалитет и распределба. Денес, премногу ресурси се трошат на активности кои не создаваат вредност, додека клучните точки на контакт со потрошувачите остануваат недоволно покриени.
Парадоксот на работната сила не може да се реши со повеќе луѓе. Тој се решава со подобра алокација, јасни приоритети и храброст да се инвестира таму каде што вредноста навистина се создава. Во таа нова логика малопродажбата нема да биде дејност со недостиг на работна сила, туку дејност што учи како да работи попаметно со луѓето што ги има.
Во оваа нова реалност услугата повеќе не може да се третира како трошок. Таа станува директен генератор на приходи. Особено во свежите категории (млечни производи, месо, овошје и зеленчук), квалитетот на интеракцијата со купувачот директно влијае врз одлуката за купување. Добро обучен вработен не само што продава производ, туку влијае врз целата кошничка: предлага, насочува, гради доверба. Во средина каде што цените се сè потранспарентни, довербата станува клучна валута.
Оттука произлегува и потребата за радикално поинаков пристап. Наместо да се обидуваат да го задржат постојниот број на вработени по секоја цена, синџирите треба да се фокусираат на ослободување на ресурсите од рутински задачи. Технологиите како електронските ценовни етикети, self-checkout системите и основните алатки за автоматско нарачување веќе не се луксуз, туку предуслов за опстанок. Нивната улога не е само да намалат трошоци, туку да „ослободат“ луѓе за она што навистина создава вредност.
Но, вистинската трансформација не доаѓа од автоматизацијата сама по себе. Таа доаѓа од тоа што ќе се направи со ослободените ресурси. Победници ќе бидат оние што ќе ги пренасочат луѓето кон критичните точки: свежите категории, достапноста на производите на полиците и директната интеракција со купувачите. Со други зборови, мал број високо обучени, добро платени и одговорни вработени кои носат поголема вредност.
Ова бара и нов пристап во управувањето со човечките ресурси. Долгите и неефикасни обуки мора да се заменат со брзи, практични модели на воведување во работата. Кариерните патеки мора да бидат јасно дефинирани бидејќи без перспектива, задржувањето на кадарот станува прашање на постојано растечки трошоци. Флексибилноста, пак, од опција станува неопходност, особено во урбани средини каде што работното време и навиките на потрошувачите брзо се менуваат.
Најголемата грешка што може да ја направат малопродажните синџири е да го третираат овој предизвик како чисто трошочен проблем. Кратењето на персоналот без јасна стратегија води кон пад на услугата, а тоа директно се рефлектира врз продажбата и лојалноста. Во услови на засилена конкуренција и растечка ценовна транспарентност, ваквиот пристап е краткорочно решение со долгорочна цена.
Парадоксот на работната сила не може да се реши со повеќе луѓе. Тој се решава со подобра алокација, јасни приоритети и храброст да се инвестира таму каде што вредноста навистина се создава. Во таа нова логика малопродажбата нема да биде дејност со недостиг на работна сила, туку дејност што учи како да работи попаметно со луѓето што ги има.