
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вангелина Пармачка, сточарка и производителка на традиционално овчо сирење од Македонија е меѓу жените кои Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) ги одликува за нивниот исклучителен придонес во земјоделството, прехранбените системи и руралниот развој, информираа од Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) во земјава.
Заедно со своето семејство, таа се грижи за стадото и за секој чекор од производството – од одгледувањето на овците до преработката и продажбата на сирењето. Со својата работа го зачувува традиционалното знаење и покажува како локалните вештини можат да создаваат можности за руралните заедници.
Нејзиното лидерство оди и подалеку од сопственото стопанство. Како координаторка на Мрежата на жени фармери при Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF, таа се залага за посилни права, поголема видливост и подобра поддршка за руралните жени.