
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од утре, 17 октомври, па сè до 21 октомври, француската престолнина ќе биде епицентар на светската прехранбена индустрија. Во изложбениот центар Paris Nord Villepinte ќе се одржи SIAL Paris 2026, еден од најголемите и најпрестижните меѓународни саеми од овој сектор. Годинашното издание на саемот се очекува да сруши рекорди, собирајќи над 7.500 изложувачи од повеќе од 130 земји и привлекувајќи речиси 300.000 професионални посетители и клучни купувачи од целиот свет.
Кои се македонските амбасадори на вкусот?
Според официјалниот каталог на манифестацијата, регистрирани се 18 изложувачи од Северна Македонија кои ќе ги претстават своите производи пред глобалните дистрибутери. Домашниот потенцијал, традицијата и иновациите во прехранбениот сектор во Париз ќе ги бранат етаблирани компании и брендови, меѓу кои се:
• „Макпрогрес“
• „Лион“
• „Макс“
• „Випро“
• „Вори“
• „Соко“
• „Хортена“
• „Ексклузив фуд“
• McRobin
• „Ларс“
• „Фруктана“
• КИМ
• „Дадо хит“
• „Жито пром“
• „Техноалат комерц“
• „Аграр ко“
• „Ки си логистик“
• „Алтера“
За овие компании, учеството на SIAL е стратешка можност за отворање нови пазари, потпишување извозни договори и следење на најновите трендови – од одржливо пакување до алтернативни растителни производи.
Иако бројката од 18 македонски учесници покажува континуиран интерес за интернационализација на домашниот бизнис, регионалната споредба на уделите укажува на простор за уште поголема институционална и системска поддршка за извозот.
Според податоците што ги објавија регионалните изданија на специјализираниот магазин InStore, соседните земји настапуваат со значително побројни делегации. Од Србија се најавени 37 изложувачи, додека Хрватска на саемот ќе се претстави со 24 каталошки изложувачи. Овие бројки јасно го потврдуваат агресивниот настап на компаниите од Западен Балкан кои се борат за поголемо влијание на пазарите во ЕУ, Блискиот Исток и прекуокеанските земји.
Овогодинешното издание има посебно значење бидејќи се одбележуваат 30 години од постоењето на престижната платформа „SIAL Innovation“, која ги наградува најреволуционерните прехранбени производи во светот. Трговскиот саем е конципиран да функционира како „генератор на бизнис“, каде дури 88% од изложувачите на претходните изданија успеале да склучат нови деловни договори директно за време на петте саемски денови. Македонските компании ќе имаат шанса да ги вкрстат понудите со најголемите светски трговски синџири и увозници.