Регион

Словенија: Започна изградбатата на новото складиште на „Шпар“

08 Jan 2025

„Шпар“ - Словенија започна со проширување складиштето за свежи производи.  Од компанијаат очекуваат дека новиот, модерен објект со површина од 20.000 метри квадратни ќе овозможи уште побрзо и побогато снабдување на своите продавници со свежи и квалитетни производи.

Проценетата вредност на проектот е 40 милиони евра, што го прави една од најголемите инфраструктурни инвестиции во трговската индустрија во последните неколку години.

Во изградбата се вклучени различни изведувачи, вклучувајќи го и главниот изведувач и проектант на словенечка компанија, што ја одразува посветеноста на Спар за поддршка на локалната економија. Завршувањето на проектот е планирано за првата половина на 2026 година, кога се очекува да започне со работа новиот објект.

Дистрибутивниот центар „Спар“ на Леталишка цеста во Љубљана моментално располага со површина од 43.000 метри квадратни, од кои 29.000 метри квадратни се наменети за складирање на производи кои не се чуваат во фрижидер, додека постоечкиот магацин за свежи производи има 14.000 метри квадратни.

Со новото проширување, „Шпар“ -  Словенија значително ќе го зголеми капацитетот за складирање на свежи производи, добивајќи дополнителни 20.000 метри квадратни, од кои 12.000 метри квадратни ќе бидат наменети за складишни површини.

Вкупната површина на магацинот за свежи производи со тоа ќе достигне 26.000 квадратни метри. Останатиот дел од новата зграда ќе биде наменет за подземна гаража за вработените, како и модерно опремени технички и работни простори.

 Како што истакнуваат во „Шпар“ -  Словенија, со проширувањето на магацинот ќе се овозможи побрзо и побогато снабдување на продавниците со свежи и квалитетни производи

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...