Свет

Германија: Порастот на невработеноста ги надмина сезонските очекувања

08 Jan 2025

Бројот на невработени во Германија на крајот на 2024 година достигна 2,807 милиони, што е за 33.000 повеќе отколку во ноември и 170.000 повеќе од 12 месеци претходно, соопшти Националната агенција за труд.

Стапката на невработеност е зголемена за 0,1 процентен поен од ноември, на шест проценти.

Во декември започнува зимската стагнација на пазарот на трудот, па скокот на невработеноста и недоволната вработеност се вообичаени, изјави Андреа Налес, претседателка на агенцијата.

На крајот на годината вообичаено истекуваат договорите за привремени вработувања, а нови најчесто не се потпишуваат пред Божиќ. Покрај тоа, индустриските сектори кои зависат од временските услови, како што е градежништвото, работат помалку.

Но, и со сезонско усогласување, бројот на невработени во декември е зголемен за 10.000 во однос на претходниот месец.

Истовремено, забележлив е пад на интересот на економијата за вработувања. Во декември беа отворени 654.000 работни места, 59.000 помалку од 12 месеци порано.

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...