Одржани

Преку бихејвиористичката наука до успешен бизнис – успешно помина мастеркласот на Tony Durham

04 Apr 2025

Во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, со учество на професионалци од производствени, малопродажни и дистрибутивни компании, на 2 април во хотел „Панорамика“ успешно се реализираше мастеркласот со Tony Durham, посветен на употребата на практиките и резултатите од бихејвиористичката наука во успешно раководење на бизнисите.

Главно, насочен кон маркетинг-практиките, употребувајќи и презентирајќи истражувања и резултати од нив од аспект на бихејвиоралната психологијата, социологија и економија, Tony Durham ги запозна учесниците на мастеркласот со практики и начини како со примена на овие разултати од истражувањата, нивно практично имплементирање во маркетингот, да дојде до подобрување, поголема успешност и поголем профит на бизнисот.

За време на мастеркласот Durham користеше примери од личното искуство во работата на повеќе раководни позиции во компанијата „P&G“ во текот на 35 години, ги упати учесниците на својот модел MINDSPACER, а им презентираше и над стотина слајдови со примери, насоки, совети и прашања.

Со ова, „Кликер“ и InStore реализираа уште еден успешен настан посветен на маркетинг-секторот и продолжуваат со организација на најдобрите обуки и работилници. Бидете во тек на: www.instore.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...