Годишно во Србија се фрлаат или се губат 770.000 тони храна, додека 90 отсто од тој отпад и натаму завршува на депониите емитувајќи гасови со кои се создава ефект на стаклена градина, а паралелно со тоа се загадуваат и водните ресурси.
За да ги инспирира своите потрошувачите да се ги преиспитаат своите навики во готвењето, нагласувајќи ја важноста од користењето на вишокот на храна во секојдневниот живот, „Нестле“ и нивниот бренд С, кој е најпознат по зачинот С, ја покренаа кампањата „Готви и донирај“. Благодарејќи на кампањата, во последните шест месеци, во соработка со малошродажните синџири на „Делез“ и „ДТЛ“, донирани се производи на Здружението на мајки на Србија во вредност од 3,5 милиони динари.
Според Рената Матусиновиќ, извршна директорка на „Нестле“ за категоријата храна за пазарот во Југоисточна Европа, во оваа кампања, компанијата се обврза да донира пет проценти од вкупната количина на C производите што се продаваат кај своите трговски партнери „Делез“ и групацијата „ДТЛ“ на Здружението на мајки на Србија.
Компанијата „Нестле“ е посветена на одржливоста и поддршката на заедницата, а само во последните пет години дониравме повеќе од 100 тони производи во вредност од околу 145 милиони динари на ранливите групи во општеството. Среќни сме што нашите партнери и потрошувачи ја препознаа важноста на оваа кампања и со тоа покажаа дека преку едноставни, но моќни акции, заедно можеме да го намалиме фрлањето храна и да воспоставиме пат кон поодржлив и поодговорен начин на живот, истакна Матусиновиќ.
Ивана Миленковиќ, член на Управниот одбор на Здружението на мајки на Србија, истакна дека Здружението од своето основање се занимава со сите сегменти од животот на мајките во Србија и преку своите активности придонесува на различни начини за подобрување на положбата и улогата на мајките во општеството.
Им благодариме на компанијата „Нестле“ за континуираната поддршка што ја дава за Здружението на мајки на Србија и со која ја помага нашата хуманитарна работа, каде заедно преку донации успеавме да го поддржиме Црвениот крст на Белград како и другите хуманитарни организации во Србија , изјави Миленковиќ.
Како еден од најголемите донатори на храна во Србија, „Нестле“ има добиено бројни награди за филантропија, а намалувањето на вишокот храна е дел од стратегијата на компанијата за намалување на емисиите на гасови и постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“ – Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.