„Јухор“ направи значаен чекор кон модернизација воведувајќи дигитални цени во два свои продажни објекти, во Белград (на Сењак) и во Крушевац.
Ваквата одлука на компанијата донесува многу погодности за купувачите, вработените, животната средина и за самата компанија.
Спроведувањето на дигитални цени им овозможува на купувачите да добиваат точни и ажурирани информации за производот, елиминирајќи ги потенцијалните забуни и правејќи го процесот на купување поедноставен и потранспарентен. Благодарение на оваа технологија, потрошувачите можат лесно да ги следат намалените цени и да остварат значителни заштеди, што го подобрува целокупното искуство за купување.
Ваквата новина за вработени во продавниците на компанијата ќе претставува значително олеснување, затоа што ја намалува потребата за рачно ажурирање на ценовниците и со тоа ќе се овозможи тие да посветуваат повеќе време на давање на услуги на купувачите. За компанијата, дигиталните цени овозможуваат брзо и ефикасно спроведување на промените на цените на ниво на целата компанија. Ова овозможува подобра координација и поголема флексибилност во деловното работење, што е клучно за брз одговор на промените на пазарот и обезбедува конкурентност на компанијата, соопштуваат од компанијата
Оваа иновација ќе овозможи и намалување на хартиените ценовници и активно ќе придонесе во намалување на отпадот, зачувување на шумите, а со намалува и дистрибуцијата на хартиените материјали се намалува и емисијата на јагледн диоксид.
Компанијата планира во иднина да го воведе овој систем во сите 59 продавници од својата продажна мрежа.
Извор: InStore.rs
Фото: „Јухор“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.