Регион

Србија извезе органски производи за 68,5 милиони евра

17 мај 2023

Вредноста на извозот на органските производи од Србија со години бележи константен пораст. Пораст е забележан и во 2022 година, и тоа на 68,5 милиони евра. Со ова е постигната и рекордна сума по 2012 година, кога пласманот бил само 3,74 милиони евра.

Од здружението „Србија органика“ соопштуваат дека повеќе од 80 отсто од органските производи од Србија се наменети за извоз. Уделот на оваа земја во пласманот на органското овошје во Европската Унија, свежо или сушено, сметајќи ги цитрусните и тропските овошја, во 2021 година изнесува 8,4 отсто.

Во повеќе од 30 земји се извезени најмногу замрзнато органско овошје, пред сè, бобинки: малинки, капинки, боровинки, рибизли, јагоди. Покрај бобинки, од Србија се извезувале и замрзнати вишни и сливи. Органското сушено овошје, како и овошните концентрати и пиреа, исто така, сочинуваат голем удел во вкупниот извоз.

Традиционално, органските земјоделски производи од Србија најмногу се пласираат на пазарот на ЕУ (Германија, Холандија, Австрија, Франција, Италија, Полска, Италија), а потоа следуваат САД и Канада.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...