На изложбата за хрватски дизајн компанијата „Краш“ освои награди за дизајнот на амбалажите на своите производи Napolitanke и бонбоните Ki-Ki.
Нашите легендарни Napolitanke и бонбоните Ki-Ki годинава повторно докажаа дека не само што ги освојуваат непцата туки ги освојуваат и срцата во дизајнерскиот сектор, соопштуваат од компанијата.
Napolitanke ја освоија наградата за професионален дизајн во категоријата „Дизајн на амбалажа“, а за нивниот дизајн заслугите ги има агенцијата „Имаго“.
Во истата категорија награда освоија и бонбоните Ki-Ki, за чиј визуелен изглед стои агенцијата „Брукета Жиниќ Греј“. Новиот дизајн беше претставен минатата година во рамките на кампањата „Се смееш во себе кога добиваш Ki-Ki“. Сите три производи под брендот Ki-Ki ( Kikići, Punioza и Gumioza) тогаш добија нов визуелен изглед во кој се вклучени новите маскоти на брендот – чудовиштата.
Пресреќни сме што секторот го препозна нашиот труд да постигнеме толку добар склад на вкусот и естетиката. Ова е уште една потврда дека нашите производи не само што раскажуваат приказна за традицијата и квалитетот, туки и за креативноста и иновациите, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Краш“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.