Порталот „Конектинг д регион“ пренесува дека унгарскиот „Фемили маркет“ е заинтересиран за влез на српскиот пазар.
Според порталот, трговскиот синџир најави отворање на своите први продавници во Србија, со фокус пред сѐ на отворање на неколку локации низ Војводина.
Компанијата која работи од 1998 година, има складиште од 3.000 квадратни метри во Кечкемет, каде што е и седиштето на компанијата, во кој се нудат повеќе од 10.000 видови производи.
Покрај тоа, компанијата исто така работи и со мрежа на франшизи, кои на потрошувачите им нудат храна домашна хемија, пластика и стоки од стакло и хартија, според веб-страницата на компанијата.
Во изминатите години, други трговци на мало најавија потенцијален влез на српскиот пазар, вклучувајќи го македонскиот „Стокомак“, кој планира да отвори продавници во Србија во првиот квартал од оваа година и „Тропик“ од Бања Лука, кој планира да започне со работа во Србија во 2026 или 2027 година.
Исто така, интерес пројави и „Карфур“, која би ја претставувала грчката „АВЕ груп“ во Србија, како и „ВХ Смит“, која најави отворање на своите први капацитети во Србија на аеродромот „Никола Тесла“.
Извор: Connecting the Region
Фото: „Фемили маркет“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.