„Витаминка“ која во сегментот на производството на храна на овие простори опстојува околу 70 години вчера го објави бизнис планот за 2025 година.
Компанијата во своето портфолио брои над 400 различни типови пакувања во различни категории, чоколади, кекси, кремови, мајонез, кечап, грицки, масло, зачини, намази, сосови со кои излегуваат во пресрет на различните вкусови и барања на пазарот.
Нашата мисија е постојано развивање на брендовите на Витаминка кои го создаваат имиџот - број 1 компанија за производство на храна во Mакедонија и регионот. Нашата визија е Создавање на висококвалитетни производи кои се дел од светот на вкусовите. П.И. „Витаминка“ АД при извршувањето на своите деловни операции се потпира на највисоките етички норми и стандарди. Само со етичко водење на компанијата може да се постигне успех на секое поле. Затоа, ние работиме на обезбедување постојаност и зајакнување на позициите на актуелните пазари, како и соодветно испланирано проширување на нови пазари, соопштуваат од компанијата.
Бизнис-планот за 2025 година предвидува продажби од над 80 милиони евра, што претставува раст од 30 % во однос на очекуваните за 2024 година. Од продажбата по пазари се очекуваат 47 милиони евра од продажби да бидат остварени на домашниот пазар, додека, пак, 33 милион евра од извоз.
Во текот на месец мај 2024 година започна со работа новата инвестиција во опрема од две автоматски линии за пакување на флипс, започната во 2023 година, што ќе придонесе да се зголеми продуктивноста. Вредноста на инвестицијата е 650.000,00 евра. Од инвестициите во фотоволтаици се евидентирани значителни заштеди во делот на трошоците за електрична енергија. Постојано работиме и на други развојни зафати, доминантно во делот на пуштањето нови производи на постоечките машини (линии), а со цел Витаминка да го засили присуството на пазарите со нови производи, остварувајќи го планското производство, особено во делот на чоколадниот програм и новата линија за мафини и тортици, соопштуваат во „Витаминка“.
Во објавениот бизнис план Витаминка информира дека има за цел да ја интегрира одржливоста во сите свои деловни процеси, односно да ги исполни сите законски барања во врска со животната средина и во Македонија и на сите пазари каде што е присутна компанијата и додаваат дека се грижат за создавање обновливи извори на енергија, па како голем потрошувач, континуирано работат на зголемување на нивната енергетска ефикасност.
„Витаминка“ е еден од посакуваните работодавачи во Македонија. Во Витаминка се вработени околу 700 лица. Просечната возраст на вработени изнесува 43,7 години по вработен, 42,2 години е просечна возраст на мажи, а 45,2 го „Витаминка“, која во моментов има околу 700 вработени, за годинава очекува нови вработувања во Прилеп, Скопје и Штип. Просечната возраст на вработените е 43,7 години по вработен, и тоа 42,2 години е просечна возраст на мажи, а 45,2 години на вработени лица од женски пол, се вели во бизнис планот на компанијата.
Акциите на „Витаминка“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза, а цената лани се движела од 10.000 до 11.000 денари по акција.
Менаџментот на компанијата ќе продолжи и натаму со досегашната дивидендна политика соодветно на остварените резултати, се вели во објавениот бизнис план на „Витаминка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.