Во Штербохоли во Прага е отворена првата аутлет продавница на „Лидл“ која на потрошувачите ќе им понуди производи по намалени цени од 40 до 70 отсто, пренесува чешкиот весник „Блеск“.
Како што пренесуваат локалните медиуми, отворањето предизвикало големо внимание што довело до тоа потрошувачите да чекаат во редици за да можат да влезат во продавницата.
Интересот на купувачите за продавницата беше навистина голем и побарувачката за овој начин на продажба ги надмина нашите очекувања. Поради оваа причина, решивме да преземеме конкретни мерки, како што е услугата која го следи почитувањето на максималното време за паркирање од 120 минути. Истовремено забележуваме дека бројот на посетители постепено се намалува. Претпоставуваме дека зголемениот интерес ќе продолжи до крајот на јануари, но ситуацијата треба постепено да се подобрува, изјави за Блеск Елишка Фрошкова Стехликова, портпарол на „Лидл“.
Асортиманот на продавницата се менува секоја недела, а целта, според компанијата, е да се создаде стабилен продажен канал кој треба да отвори простор за нови промоции во редовните продавници.
Трговецот на мало веќе успешно отвори слични продавници во Унгарија, Португалија и Шпанија.
Извор: Blesk
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.