Свет

Германски суд забрани да се продава Дубаи чоколадо кое не е произведено во Дубаи

15 Jan 2025

Судот во Келн им забрани на две германски компании да ги рекламираат своите чоколадни производи како  Дубаи чоколадо, освен ако не доаѓаат од Дубаи.

Како што пренесуваат германските медиуми, судиите во две забрзани постапки одлучиле дека името „Дубаи чоколадо“ ги доведува потрошувачите во заблуда.

Од ваквата одлука погодени се „Меди фирст Гмбх“ со своето чоколадо Miskets Dubai Chocolate и „КЦ Трејдинг УГ“ која го продава чоколадото Elit – The Taste of Dubai, доколку се прекрши забраната директорите на компаниите со соочуваат со казна затвор до шест месеци или парична казна до 250.000 евра, пренесува магазинот „Феникс“.

Судиите одлуката ја образложија со тоа што просечниот потрошувач од името на  производот може да заклучи дека чоколадото е произведено во Дубаи. Описите на англиски јазик и рекламните изјави како „ Taste of Dubai “ или „ a touch of Dubai “ исто така го засилуваат впечатокот. Малата напомена „ Origin: Türkiye “ на задната страна на пакувањето не е доволна за да се поправи оваа дезинформација.

Тужбата ја поднесе компанијата „МБГ интерншнл премиум брандс Гмбх“ од Падербон, која е ексклузивен увозник на „Хабиби бар“ од Дубаи во Германија. Компанијата се повикува на законот за трговски марки, кој забранува употреба на географски ознаки доколку производите не потекнуваат од наведениот регион.

 Пресудите може да имаат далекусежни последици за пазарот. Од почетокот на трендот на чоколадото Дубаи, бројни производители донесоа свои верзии на пазарот, често произведени во Германија или Турција. „МБГ“ веќе размислува за понатамошни правни мерки против други даватели на услуги.

Кристијан Шварц, адвокат специјализиран за право на интелектуална сопственост, истакнува дека одлуките во Келн се одлуки кои се носат од случај до случај.

Други судови можеле да заземат поинаков правен став и да го протолкуваат терминот Дубаи чоколадо како име за специфичен вид чоколада - слично на начинот на кој се нарекува виенската шницла. Одлуките се донесени по забрзана постапка без усна расправа, а а главните расправие сѐ уште се во тек, јавуваат германските медиуми.

Извор: B92

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...