Докажани и познати професионалци од САД, Турција, Хрватска, БиХ, Србија, заедно со домашни учесници, ќе бидат говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи бесплатно, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Тие ќе зборуваат на актуелни и предизвикувачки теми за FMCG индустријата.
InStore ви претставува дел од говорниците:
КИНА ДЕМИРЕЛ, директорка за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş., ќе го збогати овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Таа ќе зборува на темата „Нова лојалност во новата реалност“ врз основа на своето практично искуство - во последните 10 години ја водеше најголемата и најпопуларна програма за лојалност во Турција – Money Club, управувајќи со податоците на повеќе од 13 милиони активни купувачи.
Кина Демирел дипломирала на Универзитетот во Лидс. Професионално, таа го избра „Migros Ticaret A.Ş.“ поради нејзината страст кон малопродажната трговија. Низ годините има имплементирано многубројни малопродажни проекти, кои секогаш се базираат врз податоци. Освен лојалните програми, таа ја координира и целата комуникација на трговските марки на „Migros“. Со тимот, успеа да создаде нови медиумски и комуникациски канали за „Migros“. Таа е страствен застапник на одлуките водени од податоци и на меѓународно ниво зборува за податоците, лојалноста и за однесувањето на потрошувачите.
АНТОНИО ЗРИЛИЌ е основач на компанијата „Логико“, специјализирана за советување во Supply Chain Management (менаџирање со синџирот за снабдување). Реномиран консултант што советувал голем број компании, менаџери и претприемачи. За потребите на различни компании досега осмислил и спровел многубројни проекти поврзани со оптимизација на трошоците во логистиката и во производството. Според зборовите на клиентите: Тој е мотор за придвижување на промените; Ја враќа вербата дека може да се остварат големи и значајни промени; Прави квантен скок во продуктивноста и ефикасноста; Драматично го унапредува паричниот тек... Зрилиќ е експерт за оптимизација на оперативните процеси (логистика, набавка и производство), поседува повеќегодишно искуство за развој на менаџментот. Креатор е на единствената методологија „Оптимизација на залихите во шест чекори“ и на софтверот StockOptimizer (за оптимизација на залихите и нарачувањата). Автор е на книгите „Управување на залихите во шест чекори“ и „Логистика со брзина на светлината“, а соработува и со редакциите на повеќе стручни списанија и публикации (InStore, JaTrgovac, Business.hr, Eukonomist, Poslovni savjetnik, Lider, Progressive, Infotrend). Зрилиќ е сертифициран САП-консултант, има серификат „Green Belt Six Sigma“. Член е на Заедницата на деловни советници, Организацијата на хрватски извозници и на Хрватската задруга за набавка.
МИТКА МОЈСОВСКА е сертифициран тренер за контролинг и финансов директoр на КОЛА, Скопје Својата едукација од областа на контрoлингот Митка ја има стекнато во Загреб на Академијата за Конторлинг во Когноско Контролинг, по програмата на германската Controller Akademie од Минхен. Иплементацијата на комплетниот котролинг систем ја има спроведено во компанијата КОЛА, Скопје, каде работи на позиција финансов директор. Митка е професионалец со огромно искуство во буџетирање, внатрешна контрола, финансиско сметководство и бизнис планирање. Веќе неколку години работи и како единствен сертифициран тренер за контролинг на македонскиот пазар и партнер на германската Controller Akademie. Како консултант за контролинг држи обуки кои се специјализирани за компании од FMCG секторот меѓу кои и на „Витаминка АД“, „Алкалоид“, „Еуро Табак“, „Зегин“, „Плива“ и др.
ПЕТАР ЌОРЛУКА е претседател на Управниот одбор на производствената и дистрибутивна компанија „Виолета д.о.о“. Со сопствен приватен бизнис започнува уште далечната 1990 година, а во 2002 година го активира производството на средства за хигиена. Тогаш го создава и брендот „Виолета". Неговиот рецепт за успех е „да го работиш она што го сакаш и да го правиш тоа подобро од другите“. Водејќи се од ова, за кратко време успева производите со етикета „Виолета“да станат најпрепознатлива марка не само во БиХ, туку и пошироко во земјите од Европа, Блискиот Исток и Азија. Посебна област на интерес на Петар Ќорлука се иновативните технологии во производството и нивната примена, инвестициите во брендот и образованието на вработените. Неговиот фокус е секогаш на создавање на нешто ново и поразлично. Негува општествено одговорен бизнис долги години, спонзорирајќи спортски клубови, здруженија и натпревари, и тоа особено оние за млади.
ИВАН КРУШКОВИЌ има 8-годишно искуство со работење на проекти за пазарна егзекуција. Со текот на годините Иван имаше успешна соработка со најголемите имиња во FMCG-секторот, осигурувајќи дека ќе бидат исполнети нивните очекувања. Од 2019 година тој го презеде одделот за Оптимизација на асортиманот и просторот во „Нилсен“, кој се занимава со потребите на клиентите за категори-менаџмент, почнувајќи од управување со асортиманот до оптимизација на просторот, како и тренинзи за категори-менаџмент. Неодамна ја презеде улогата Seeff Commercial Leader продажбата за Јадранскиот Регион. Дипломира на катедрата за манаџмент и бизнис-економија, како и на катедрата за финансии, финансиски институции и осигурување, а се стекна со диплома за финансии, берза и банкарство на Универзитетот во Крагуевац.
InStore на својата интернет страница ќе Ви ги претстави сите говорници кои ќе го збогатат Самитот со своите знаења, искуство и насоки за развој на Вашиот бизнис. Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.
Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.