Компанијата „M&С“ во својата логистика додаде 85 нови возила со помали емисии на CO2 со што е чекор поблиску до постигнување на нулата емисии на штетни гасови до 2040 година.
Меѓу новите возила се и пет електрични тешки товарни возила со нулта емисија на штетни гасови, кои ќе работат на рути помеѓу дистрибутивниот центар „M&С Клоутинг & хоум“ и 30 продавници низ Лондон и Југоисточниот дел.
Камионите на „Рено“ од 42 тони, кои ќе ги заменат еквивалентни модели на дизел погон, се дел од програмата на владата на Обединетото Кралство за нулта емисија „ХГВ Инфраструктор демонстратор“. Која е лансирана како дел од иницијативата „еФрејт 2030“, која има за цел да го забрза усвојувањето на решенија за товарниот промет со нулта емисија и потребната инфраструктура за наплата за да се декарбонилизира транспортот. Како основач на проектот „еФрејт 2030“ , „M&С“ ќе собере клучни сознанија за оперативните перформанси на овие електрични товарни возила. Овие резултати ќе го обликуваат начинот на кој трговецот на мало „донесува идни одлуки за планирање“ додека ја продолжува својата трансформација кон почисти горива и возила со помала емисија на CO2.
Посветени сме на намалување на емисиите на CO2 од нашиот транспорт и преку соработка можеме да ги намалиме емисиите на штетни гасови, да заштедиме енергија и да ја зголемиме оперативната ефикасност во работењето. Со тестирање на нови технологии, ние сме во состојба да ги доставуваме нашите производи до нашите магацини и продавници со помало влијание врз нашата планета, изјави Џулијан Бејли, шеф на транспорт во „M&С“.
Работиме со компании за да ги фокусираме напорите на иновативни возила со нулта емисија на штетни гасови. Затоа е фантастично да се види „M&С“ како додава пет електрични камиони со нулта емисија на штетни гасови во својата флота благодарение на нашата инвестиција од 200 милиони фунти за воведување големи камиони со нула емисија на штетни гасови, што е најголемата инвестиција од ваков вид во светот, додаде Лилиан Гринвуд, министер за транспорт. .
Извор: InStore.rs
Фото: „М&С“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.