
Тони Дурам е еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G) кој за првпат го пренесе своето богато знаење на 9 FMCG SUMMIT 2023.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Тони Дурам е еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G). Тој е познат и признат експерт за психологија и однесување на купувачите, кој за првпат го пренесе своето богато знаење на 9 FMCG SUMMIT 2023.
Во интервјуто за InStore, Дурам зборуваше за психологијата на потрошувачите во време на инфлација и кои се клучните алатки што компаниите може да ги искористат за да влијаат врз потрошувачките навики.
Мозокот е многу едноставен, ја прима секоја информација што му е дадена и таа што е наједноставна ја пренесува како основа за својата одлука. Па, ако единственото нешто што му го покажете е цената, тогаш тоа влијае на одлуката за купување. Ако му ја покажете цената, но и дека сте број еден бренд во земјата, тогаш одеднаш не се врти сè околу цената, истакна Дурам.
Повеќе погледнете во одличното интервју: