
Благодарение на оваа услуга, таткото и синот имаат доволно слободно време да го поминат денот заедно
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нова кампања под називот „Дали можеме? Ние можеме“ („Can We? We Can") има за цел промоција на „клик+колект“ услугата на трговците. Во спотот што трае 30 секунди, гледаме дете кое го прашува таткото дали може да прават нешто забавно следниот ден, додека неговиот татко купува намирници преку „клик+колект“ услугата на „Теско“.
Благодарение на оваа услуга, таткото и синот имаат доволно слободно време да го поминат денот заедно, да јадат сладолед, да играат фудбал, да одат во кино, дури и да одат на патување во вселената.
Во „Теско“ негуваме страст кон храната што ја нудиме, но исто така сме исклучително стравствени кога е во прашање понудата на услуги за нашите клиенти. Од таа причина ја креиравме „клик+колект“ за на нашите купувачи да им овозможиме сами да изберат како, кога и каде купуваат. Видовме промена во куповните навики оваа година, а бидејќи луѓето имаат се помалку време, има пораст на корисниците на „клик+колект“ услугите на патот од работа до дма, на фудбалски тренинг, на курсеви или дури на патот кон дома од одмор, соопштија од „Теско“ - Ирска.
Погледнете:
Извор: The Drum
Фото: Tesco Ireland