
Централната фигура на ремек-делото од 17 век – „Девојката со бисерна обетка“ , оживеа на меѓународниот аеродром Гуаруљос во Сао Пауло со импресивна 3Д-активација на билбордот...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Централната фигура на ремек-делото од 17 век – „Девојката со бисерна обетка“ на Јан Вермер, оживеа на меѓународниот аеродром Гуаруљос во Сао Пауло со импресивна 3Д-активација на билбордот.
Претходно, Coca-Cola ја лансира кампањата Masterpiece, во чиј главен рекламен спот ликовите од познати уметнички дела си подаваат шише Coca-Cola, пред да му го подарат на поспан студент по уметност. Како продолжение на оваа кампања, брендот постави тродимензионален дигитален билборд на аеродромот на бразилската метропола, кој на минувачите им дели бесплатни шишиња Coca-Cola.
На билбордот се појавува „Девојката со бисерна обетка“, која е еден од протагонистите и во Masterpiece. Таа зема шише Coca-Cola од другата страна на билбордот и откако ќе им го привлече вниманието на случајните минувачи – го спушта пијалакот по една цевка. Шишето продолжува да се движи по цевката, која навидум е поврзана со вендинг-машина поставена под билбордот, од која „магично“ се појавува вистинско шише Coca-Cola.
Активацијата на билбордот, креирана од „Дејвид“ – Мајами, има цел да испорача инспирација и магија преку обединување на виртуелниот со реалниот свет, при што познатиот уметнички лик „Девојката со бисерна обетка“ ја трансформира дигиталната Coca-Cola во вистинска за секој што е блиску до панелот.