
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година, потрошувачите во Холандија потрошиле 35,7 милијарди евра преку интернет, што претставува пад од 1% во онлајн потрошувачката во споредба со 2024 година.
Како што се наведува во извештајот Thuiswinkel Market Monitor за 2025 година, намалувањето на онлајн потрошувачката главно се должи на секторот услуги, каде што онлајн трошењето опаднало за 5%.
Потрошувачката на производи во категоријата дом изнесувала две милијарди евра, што е раст од 12%, додека категориите апарати за домаќинство и храна исто така бележат раст од 10%, односно 4%. Околу 600 милиони евра биле потрошени онлајн за играчки, што претставува раст од 24%.
Бројот на онлајн купувања на производи исто така пораснал за 2% во 2025 година. Најизразен раст е забележан во категоријата DIY & градина (раст од 11%, на 46 милиони купувања) и категоријата апарати за домаќинство (раст од 16%, на 11,3 милиони купувања). Категоријата играчки исто така бележи силен раст, зголемувајќи се за 20% на 20 милиони купувања.
Во исто време, холандските потрошувачи сè повеќе нарачуваат од странство, бидејќи бројот на прекугранични купувања пораснал за 9%.
Овој раст најмногу бил поттикнат од производите, особено во категоријата производи за дом, чиј удел во онлајн прекуграничната потрошувачка се зголемил од 8% на 13%.
Како и во 2024 година, холандските потрошувачи кои купуваат од странство најчесто нарачувале од кинески онлајн продавници. Дури 31% од прекуграничните нарачки минатата година биле направени од таа земја. Нарачките од Соединетите Американски Држави се намалиле од 12% на 9%, а од Обединетото Кралство од 7% на 6%.
Кога станува збор за уредите преку кои се купува, минатата година 41% од сите онлајн нарачки биле направени преку паметен телефон. Во споредба со 2024 година, тоа е раст од 5%. Уделот на desktop и laptop компјутерите се намалил од 49% на 45%.