
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската Унија повторно ги менува правилата на пазарот на храна, со нов пакет регулативи што ќе важат не само за земјите членки, туку и за сите компании кои извезуваат на европскиот пазар. Целта е поголема заштита на земјоделците, построги стандарди за означување и поголема транспарентност во синџирот на снабдување.
Една од најзначајните новини е забраната за користење називи како „сланина“ или „стек“ за производи што не содржат месо. Со тоа, европските институции сакаат да спречат забуна кај потрошувачите и појасно да ги разграничат производите од животинско и растително потекло.
Покрај декларациите, сè поголем фокус се става и на заштитата на животната средина. Се најавуваат промени во пакувањето на производите, со намалување на употребата на пластика и постепен премин кон биоразградливи материјали.
Експертите предупредуваат дека ваквите измени ќе бараат дополнителни инвестиции од производителите, па затоа нема да стапат во сила веднаш. Сепак, тие оценуваат дека влијанието врз цените на храната е речиси неизбежно.
Според нив, покрај новите регулативи, дополнителен притисок врз цените создаваат и поскапувањето на енергијата, ѓубривата и транспортот, што директно се одразува на конечната цена на производите.
Во исто време, глобалните кризи повторно ја отворија темата за домашното производство на храна. Аналитичарите оценуваат дека државите мора да инвестираат во сопствено производство, бидејќи безбедноста на храната веќе не е само економско, туку и стратешко прашање.