InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Владите низ Европа бараат итни решенија за справување со економската криза, додека граѓаните сè уште не го чувствуваат реалното поевтинување на енергенсите. Многу држави воведуваат драстични мерки – од даночни олеснувања до директни бонуси и ограничување на корпоративните профити.
По примерот на Шпанија, која минатиот месец го намали ДДВ-то за горивата од 21% на 10%, Германија е на пат да донесе слична одлука. Се очекува оваа мерка да донесе поевтинување од околу 17 евроценти по литар во извесен период. Дополнително, во Бундестагот се дебатира за воведување на неоданочени бонуси за вработените во износ до 1.000 евра.
Сепак, критичарите предупредуваат дека постои ризик користа да остане кај нафтените компании, односно цените за крајните потрошувачи да не паднат според предвиденото. Исто така, голем дел од малите фирми можеби нема да можат да си дозволат исплата на ветените бонуси.
Велика Британија: Се разгледува предлогот за намалување на максималната брзина на автопатиштата од 120 на 90 км/ч со цел да се намали потрошувачката на гориво.
Франција: Владата предлага ограничување на профитите на компаниите, така што тие не би ги надминувале нивоата од пред почетокот на војната во Украина.
Во Грција се разгледува воведување на „ваучер за трошоци за живот“. Идејата е најранливите домаќинства да добиваат месечна помош помеѓу 22 и 100 евра, наменета исклучиво за купување на основна храна.
Судир со бизнис секторот: Синџирите на бензински пумпи тврдат дека ограничувањето на цените е неприменлива и незаконска мерка, нагласувајќи дека високите профити завршуваат кај рафинериите, а не кај дистрибутерите.