
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Теско“ тестира нов AI асистент, интегриран во својата мобилна апликација, како дел од долгорочната стратегија за користење вештачка интелигенција со цел да се олесни купувањето за потрошувачите.
Асистентот во почетната фаза ќе им помага на корисниците при планирање оброци, овозможувајќи природен двонасочен дијалог и нудејќи персонализирани идеи за рецепти, прилагодени на различни прехранбени навики и преференции.
Откако купувачот ќе избере рецепт, AI асистентот ќе може да помогне и при креирање на кошничка за купување во рамки на апликацијата, предлагајќи соодветни производи врз основа на претходната историја на купување и индивидуалните навики.
Асистентот е вграден директно во постоечката апликација на „Теско“, а во наредните недели околу 280.000 вработени ќе бидат повикани да го тестираат во секојдневната употреба, пред неговото официјално лансирање за сите корисници подоцна годинава.
„Сакаме на купувачите да им обезбедиме најдобро можно искуство секогаш кога купуваат во ‘Теско’, а овој асистент ни дава уште еден начин да им помогнеме и да им го олесниме секојдневието. На долг рок, овој асистент има потенцијал да го трансформира начинот на кој луѓето купуваат кај нас – користејќи ја моќта на вештачката интелигенција за персонализација на искуството на начин што им заштедува време и пари. Никој не е подобро позициониран од нашите вработени да ни помогне да го усовршиме овој систем – тие ги разбираат купувачите и заедниците во кои работиме и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе придонесат за неговото унапредување“, изјави Кен Марфи, извршен директор на „Теско“.
Од компанијата најавуваат дека во иднина ќе продолжат со развој и надградба на асистентот, проширувајќи ја неговата функционалност за да им помага на корисниците во повеќе аспекти од секојдневниот живот и да обезбеди навистина интелигентно и корисно искуство при купување.