
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од 1 мај 2026 година стапуваат во сила организациски промени во рамки на „Реве Интернешнл АГ“, како и во менаџментот на компаниите „Била Австрија“ и „Била Бугарија“.
Михаел Патерно, актуелен член на управата на „Била Австрија“, на почетокот на мај ќе ја преземе функцијата директор за дигитал, истражување, консалтинг и лојалност во „Реве“, додека Давид Ренкер, досегашен директор за дигитална продажба, од 1 јуни ќе премине на позицијата директор за операции во „Била Бугарија“.
Патерно се приклучил на „Реве Груп“ во Келн во 2011 година, каде првично работел на различни штабски функции во Германија и Австрија. Од 2016 до 2020 година бил член на управата на „БИПА“, по што бил именуван во управата на „Била Австрија“. Последно бил одговорен за секторот потрошувачи и аналитички увиди.
Во новата улога, на меѓународно ниво ќе биде одговорен за областа дигитал, ќе го унапредува развојот на централните стратешки проекти и ќе раководи со активностите за истражување на пазарот.
Ренкер ја започнал кариерата во 2013 година во „Реве Груп“ во Германија, каде преку различни раководни позиции придонел за воспоставување и развој на доставната служба на Rewe. Кон крајот на 2021 година преминал во „Била Австрија“, каде значително го унапредил e-commerce работењето. Последно бил одговорен за областа глобална дигитална продажба.
„Ме радува преминот на Михаел во ‘Реве’. Тој поседува разновидно искуство и големо стручно знаење, кое веќе успешно го докажа во бројни функции во компанијата. Со својата компетентност и стратешки пристап, тој е вистинската личност за понатамошен развој на овој за нас многу важен сектор. Исто така ме радува што Давид презема централна улога во меѓународното работење. Со своето докажано дигитално know-how знаење и силно оперативно разбирање, тој значително ќе придонесе за успехот на ‘Била Бугарија’. На Михаел и Давид им посакуваме многу успех во новите функции“, изјави Марсел Харашти, член на управата на „Реве Интернешнл АГ“.