
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Инфлацијата во синџирите супермаркети во Грција во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, изнесувала околу 2,4%, покажуваат податоците на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (IELKA).
Индексот на цените во март, во споредба со претходниот месец, бил понизок за 0,15%, додека на годишно ниво, од април 2025 до март 2026 година, забележал раст од 1,62%.
Најголем раст на цените во март 2026 година, во однос на истиот месец лани, е регистриран кај сувомеснатите производи (12,70%), свежото овошје и зеленчук (10,45%), свежото месо (9,89%), деликатесните производи (5,73%) и храната за доенчиња и бебиња (5,71%).
Зголемувањето на цените кај сувомеснатите и деликатесните производи се поврзува со сезонски фактори, додека растот кај свежото овошје и зеленчук главно се должи на временските услови во јануари и февруари.
Најголем пад на цените во овој период е забележан кај детергентите и средствата за чистење (4,47%), храната и производите за домашни миленици (4,07%), прехранбените производи (1,96%), замрзнатите производи (1,67%), како и хартиената галантерија, козметиката и производите за лична нега (1,66%).
Од Институтот посочуваат дека забележаните намалувања се резултат на нормализација на пазарот и намалување на производствените цени кај одредени производи.