
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Краш“, во рамки на поширок инвестициски циклус насочен кон унапредување на производните процеси, зголемување на ефикасноста и зачувување на свежината на производите, инвестираше 2,3 милиони евра во нова линија за автоматско редење и пакување на своите Choco Napolitanke.
Линијата е развиена и имплементирана во соработка со реномиран германски производител на опрема за пакување во прехранбената и фармацевтската индустрија.
„Новата, модерна и модуларна линија за Choco Napolitanke обезбедува пакување што ја зачувува свежината и визуелниот изглед на производот и гарантира конзистентен и уедначен квалитет. Со херметичкото пакување, Choco Napolitanke ја задржуваат својата структура и крцкавост, што е клучно за искуството на потрошувачите“, изјави Иван Кос, член на Управата на „Краш“ задолжен за производство, инвестиции и одржување.
Од компанијата посочуваат дека инвестицијата придонесува за раст на продуктивноста и оптимизација на работните процеси, при што работата на линијата е физички помалку напорна и главно насочена кон надзор и управување со процесите.
Паралелно со технолошкото унапредување, компанијата спроведе и редизајн на амбалажата, а поради специфичните барања на новото пакување, е прилагодена и грамажата на производите.
Воведен е и нов, помал формат од 108 грама, кој одговара на трендот на практични и подостапни пакувања, а достапен е и во три нови вкусови – малина, портокал и какао со млеко.
Проектот за подготовка и имплементација на автоматизацијата на производната линија за Choco Napolitanke траеше две години, а од „Краш“ најавуваат дека ќе продолжат со модернизација на своите производствени процеси.