InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Технолошката платформа за достава Wolt официјално започнува со работа и во Битола, со што услугата по првпат се проширува надвор од Скопје.
Компанијата соопшти дека граѓаните на Битола преку апликацијата ќе можат да нарачуваат оброци и производи од локални ресторани и малопродажни партнери. За новите корисници се нуди промотивна понуда од 30 проценти попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава.
Почетокот на работењето ќе биде одбележан со јавен настан во Јагода мезе бар, во сабота на 18 април од 12 до 16 часот. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во пијалаци и закуски, а ќе биде организирано и „тркало на среќата“ преку кое ќе може да се освојат подароци од компанијата.
Од Wolt велат дека проширувањето во Битола отвора нови можности и за локалните бизниси, преку дополнителен дигитален канал за продажба и пристап до поширока база на корисници, како и флексибилни можности за заработка за доставувачите.
„Возбудени сме што го носиме Wolt во Битола и што го продолжуваме нашиот раст во Македонија“, изјави Огњен Љумовиќ од компанијата.
Од компанијата најавуваат дека во следниот период ќе продолжат со ширење на мрежата и во други градови низ државата.
DoorDash, сопственик на Wolt од 2022 година, денес заедно со платформата работи на повеќе од 30 пазари ширум светот.