
„Казино груп“ објави раст на консолидираните нето приходи во 2025 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Казино“ груп пријави раст на консолидираните нето приходи во 2025 година од 0,5%, додека вкупно бележи пад од 2,5%, достигнувајќи 8,2 милијарди евра.
Во четвртиот квартал од 2025 година, нето приходите од продажба изнесуваат 2,1 милијарда евра.
Групацијата забележа раст на прилагодениот EBITDA (заработка пред камати, даноци, амортизација и отпис од 79 милиони евра во 2025 година (+14%), додека слободниот паричен тек е подобрен за 519 милиони евра и изнесува -120 милиони евра (во споредба со -639 милиони евра во 2024 година).
Нето приходите од продажба на „Моно прикс“ пораснале за 0,6%.
„Фран прикс“ забележал пад на нето приходите од 0,4%, додека приходите од продажба на брендовите „Казино“, „Спар“ и „Вивал“ пораснале за 0,6%.
„Натуралиа“ евидентира раст на нето приходите од продажба.
Групацијата неодамна го претстави новиот стратешки план „Renouveau 2030“ и проект за зајакнување на финансиската структура.