
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Касперски“ соопшти дека од јануари до почетокот на мај 2026 година детектирала повеќе од 92.000 напади со малициозен софтвер и потенцијално несакани апликации ширум светот, маскирани како популарни AI сервиси и AI агенти.
Според податоците, сајбер-криминалците ја злоупотребувале довербата во познати платформи за да ги наведат корисниците да преземат опасни датотеки. Лажните апликации на ChatGPT учествувале со 49% од сите регистрирани напади, додека Claude и Gemini имале удел од по 18%.
„Касперски“ ги претставил овие податоци на својата годишна конференција „Kaspersky HORIZONS“ во Рим, предупредувајќи дека заканите кон компаниите и критичната инфраструктура продолжуваат да растат.
Истражувачите идентификувале повеќе од 15.000 примероци на малициозен софтвер што се претставувал како AI алатки, меѓу кои имало банкарски тројанци, шпионски софтвер, алатки за кражба на лозинки и програми кои инсталираат дополнителен опасен софтвер.
Во мај годинава била откриена и нова кампања поврзана со групата Silver Fox, при што напаѓачите дистрибуирале лажни Claude AI апликации за Windows, macOS и Linux. По инсталирањето, софтверот овозможувал долгорочен пристап до компромитираните системи и чувствителни податоци.
Од компанијата предупредуваат дека AI екосистемите стануваат сè поатрактивна цел за сајбер-криминалците, особено преку нападите врз синџирите на снабдување и open-source AI алатки.
„Воведувањето AI агенти во деловните средини ја менува самата природа на довербата. Безбедноста повеќе не значи само заштита на крајните точки, туку и контрола на начинот на кој интелигенцијата, дозволите и одлуките се шират низ поврзаните AI процеси“, изјави Дмитриј Галов, раководител на Global Research & Analysis Team во „Касперски“.
Компанијата препорачува организациите да воведат построги механизми за контрола, човечки надзор, ограничување на размената на податоци и постепена имплементација на AI системите, со цел да се намалат ризиците и да се зајакне сајбер-безбедноста.